Ставија огромен звучник: Ечи „Ќе пијам ќе лумпувам“ во хотелот на македонските репрезентативци

ИЗВОРСкопје24
|

Македонските репрезентативци веќе се речиси подготвени за првиот натпревар на Европското првенство. Денес одржаа тренинг на огромниот стадион и почувствуваа каква е атмосферата во Букурешт.

Со оглед на тоа што се споделува на социјалните мрежи, очигледно дека македонската фудбалска репрезентација има добар помин во таму.

Атмосферата пред мечот со Австрија е на мошне високо ниво, а офанзивецот Елиф Елмас е главен ди-џеј кај националниот тим.

Со огромен звучник во рацете, тој ги развеселува своите соиграчи во хотелот каде што се сместени, а се вртат песни – од странски, до најголемите хитови на Гоце Арнаудов.