Уште еден посилен земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 7.9 степени

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска два разорни земјотреси од 7.3 и 7.4 степени според Рихтер беа регистрирани во Нов Зеланд но предмалку беше забележан уште еден најсилен досега со магнитуда од 7.9 степени по Рихтер и тоа сите во само неколку часа.

Епицентарот и овој пат бил нешто посеверно во океанот, кај островите Кермадек, но засега не е издадено предупредување за цунами.

На социјалните мрежи може да се видат фотографии од големи расцепи во земјата и на патиштата како резултат на силниот тресок.