Стефан Величковски во Истанбул ја запроси својата девојка – еве која е таа

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачот Стефан Величковски се прослави по своето учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој настапи во две сезони, а во последнава се откажа поради многуте настапи кои ги имаше тој.

Тој е инаку активен на социјалните мрежи, па редовно знае да сподели некоја фотографија, да сними некој кавер. Меѓутоа, кога станува збор за неговиот приватен односно љубовен живот, Стефан не открива премногу детали или барем до неодамна кога објави фотографија со својата девојка, Ана Николовска, уредник и водител на емисијата „Квадрат“.

Величковски во кусите приказни на „Инстаграм“ објави стори на кое русокосата водителка е потпрена на негово рамо, а истата фотографија ја објави и Ана на својот профил, па веднаш започнаа написите, приказните дека меѓу водителскиот – музичкиот пар има нешто повеќе од пријателство. Тие не ги потврдија, ниту демантираа пишувањата, туку продолжија да објавуваат заеднички фотографии. Но, сега парот официјално ја овековечи врската.

Имено, Стефан ја побара Ана за сопруга, a таа секако дека кажа „да“. Запросувањето се случи во Турција, покрај Босфорот. Величковски на својот „Инстаграм“ објави фотографија како се држи за рака со Ана и го покажа свршеничкиот прстен.

„Моето најубаво добро утро и најубавата добра ноќ, те сакам бесконечно“, напиша Величковски покрај фотографијата.