Што е полошо помалку или повеќе уље?!

ИЗВОРСкопје24
|

Знаеме сите дека редовно одржуваниот автомобил допринесува до здрав мотор, а тоа е еднакво на ефикасен мотор. Но дали знаеме како правилно да го одржуваме и колку е важно тоа?
Често пати слушаме и зборуваме за тоа како правилно треба да постапиме во сервисирањето на нашите автомобили, но под сервисирање на автомобил спаѓа голема категорија на работи за кои можеме да зборуваме. Па затоа овој пат нашето внимание ќе го задржиме на можеби најважната работа на која треба да внимаваме – на моторното масло. Од различни искуства и совети веќе знаеме за кое моторно масло е најдобро за нашиот автомобил исто така и кога е најдобро да се промени, но дали знаеме што е полошо, да го оставиме со помалку или со повеќе масло?

Уште на самиот почеток можеме да кажеме дека ниту едниот ниту другиот случај не е добар за автомобилите, па секако најчест совет би бил да се прават редовни контроли и тоа според нас би биле барем на секоја втора недела(кај постарите автомобили), но не е доволен само овој совет доколку незнаеме зошто треба да внимаваме на нивото на маслото во моторот.
Самиот произведувач има обележано две мерки според кои треба да се водиме, односно тоа се две точки кои го означуваат нивото на маслото за минимум и максимум, па доколку ги следиме редовно овие две обележја не би требало да имаме проблем. Но во случај доколку нивото на маслото ни е повисоко од потребното ќе му предизвикаме проблеми на моторот. Зошто? – Преполнувањето на моторот со масло може да предизивика проблеми бидејќи вишокот на масло ќе се насочи кон коленестото вратило, а тоа ќе му отежни на моторот и на пумпите за масло да го испратат маслото до сите витални места на кое е вистински потребно.

Односно тоа ќе резултира со намалување на брзината на работата на моторот, намалување на процесот на согорување, големо чадење, а со тоа и значително намалување на моќноста. За да го спречиме ова најдобро е да го посетиме авто сервисот и механичарите соодветно да се погрижат за овој проблем, или доколку сакате самите да поправите тогаш можете да го извадите филтерот за масло и да го отстраните вишокот.

Но што е со случајот доколку имате масло помалку од потребното? – Тогаш веќе настануваат проблеми, проблеми кои можат да ни предизвикаат големи катастрофи. Со ниското ниво на маслото во моторот се намалува подмачкувањето на внатрешните делови, се зголеменото триење(метал на метал) се уништуваат деловите, а се зголемува и температурата на моторот. Доколку дозволите и да се вклучи ламбичката за екстремно ниско ниво на маслото, тогаш штетата е веќе направена! На овој начин се ризикува до зарибување, односно целосно уништување на моторот.
Па повторно ќе кажеме, и двата случаи се штетни за моторот, но доколку сакате да избирате помеѓу двете зла тогаш поголемото ниво на масло е помалку штетно за автомобилот, а особено поголем проблем е кај дизел возилата одколку кај бензинските.