Модниот креатор Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст, а во болница бил примен како последица на септичка состојба, по што бил прогласен за мртов поради кардиореспираторна инсуфициенција.
Што е септичка состојба и како се манифестира?
Сепса е клинички синдром и компликација на тешки нарушувања, а се карактеризира со системско воспаление, обемно оштетување на ткивата и системски одговор на организмот на инфекција. Сепса настанува кога одбранбениот, имунолошки систем, наместо да ја контролира инфекцијата, доведува до оштетување на сопствените ткива и органи. Последиците се септички шок, слабеење на функциите на органите и смрт. Примарните знаци на воспалителна реакција во случај на септички шок вклучуваат вазодилатација, зголемена микроваскуларна пермеабилност (пропустливост) и акумулација на леукоцити. Сепса може да добие секој, без разлика на возраста, полот или социјалниот статус, а особено ризични групи се повозрасните лица, малите деца, хронично болните и луѓето со имунодефициенција.
Ако се одложува почетокот на лекувањето сепса, нејзината смртност расте за околу 10 отсто со секој нареден час. Затоа, на 1 октомври 2011 година, сепсата била прогласена за итна медицинска состојба.
Симптоми:
температура повисока од 38 или 36 степени.
фреквенција на срцето повисока од 90/мин.
фреквенција на дишењето повисока од 20/мин.
леукоцити повисоки од 12,0.
Ако примарно станува збор за воспаление на белите дробови, ќе се појават:
Диспнеа (отежнато дишење)
Тахипнеа (забрзано дишење)
Кашлица
Болки во градите.
Ако станува збор за воспаление на бубрезите, доминираат:
Болки во слабините
Грозница
Зачестено мокрење
Пецкање при мокрењето.
Ако станува збор за интраабдоминален воспалителен процес (воспаление на жолчното кесе, панкреасот, стомачната обвивка, дивертикулум на дебелото црево), покрај општите симптомите, ќе се појават:
Болки во стомакот
Мачнина
Повраќање
Констипација
Подуеност.
Здравствената состојба на Саша Видиќ
Уште во 2020 година, модниот креатор Саша Видиќ се јавил во Ургентниот центар во Белград, каде што тврдел дека има халуцинации.
Последнава година Саша видно ослабел, а имал и проблеми со црниот дроб.
Бил примен во болница во многу тешка состојба, каде што бил приклучен на респиратор.