Што ќе се случи ако јадете банана пред спиење?

|

За да имате добар и мирен сон многу важно е што правите пред да заспиете. Сите знаеме дека не се препорачува јадење неколку часови пред да си легнете да спиете, со цел храната да има време убаво да се свари и да не ви претставува терет за време на сонот, но според нутриционистот Трејси Локвуд Бекерман, бананата е одличен избор за конзумирање доколку сакате да заспиете побрзо.

Според неа, тоа што го јадеме пред да заспиеме и кога одиме на спиење влијае на квалитетот на сонот, но и нашето варење. Како што кажавме доколку вашата храна не е добро сварена пред да заспиете, односно доколку јадете веднаш пред да си легнете, тогаш телото троши време да ја свари, наместо полека да се смири и подготви за спиење. Таа препорачува особено да се избегнуваат слатки и рафинирани шеќери, кои дефинитивно го нарушуваат сонот.

Бекерман истакнува дека доколку сакате нешто благо можете да земете банана со путер од кикирики што е една од најдобрите и најздрави комбинации.

Бананите се богати со калиум и магнезиум што им помага на мускулите да се релаксираат, а путерот од кикирики е одличен додаток бидејќи содржи триптофан, аминокиселина која го поттикнува лачењето на серотонин и мелатонинот. Пробајте и уверете се уште вечерва.