Што ќе се случи кога ќе ставите погрешно гориво во моторот на вашиот автомобил?

ИЗВОРСкопје24
|

По грешка ставивте дизел во вашиот бензински мотор и што ќе се случи сега? Колку е оваа грешка опасна?

Прво, многу е важно дека по секоја цена треба да избегнете да ставите нафта во вашиот бензинец, бидејќи тоа секогаш се преобразува во скапа грешка која многу лесно може да се избегне.

За да сфатите зошто ова не смеете никогаш да го направите, потребно е да сфатите како работат и двата вида на мотори.

Бензинските мотор имаат свеќици. Кога се движи автомобилот, тие го палат бензинот кој се меша со внатрешниот воздух на моторот. Во основа, ова е начинот на кој работи овој мотор, со серија на мини експлозии.

Дизел моторот нема свеќици, туку работи со помош на клип кој ја компресира нафтата во толкава мера што доаѓа до создавање на топлина за да стартува автомобилот и да почне да се движи.

Исто така, на ум треба да имате и дека дизелот е потежок од бензинот. Бензинот е лесен, па може мнгоу лесно да испари, додека тежината на дизелот може да се рашири по бензинскиот мотор и да го запуши.

Доколку се случи автомобилот да тргне, откако сте го наполниле со дизел, тоа значи дека во него сигурно останало уште бензин и едноставно се измешало. Ако се случи ова, автомобилот најверојатно ќе помине неколку километри и ќе застане.

Но, дури и без да го запалите автомобилот. Дизелот може да го запуши филтерот за гориво и да ги уништи сите инјектори.

Ако го стартувате автомобилот, дизелот може да предизвика хидраулично блокирање, што може дополнително да го оштети коленестото вратило – многу важен дел од моторот. Иако, можеби нема целосно да го уништите моторот, сепак ќе се случат сериозни проблеми.

КАКО ДА ЈА ИСПРАВИТЕ ГРЕШКАТА?

Не стартувајте го автомобилот веднаш. Некој нека ви го одвлечка автомобилот до најблискиот автомеханичар. Испразнете го резервоарот целосно. Наполнете го резервоарот со бензин, уклучете го автомобилот и оставете го да поработи некое време. Не заборавајте да го променете маслото, бидејќи дизелот може да истече по цилиндрите