Што може да му се случи на моторот ако останете без гориво во возење

ИЗВОРСкопје24
|

Понекогаш на сите им се случува да останат без гориво во автомобилот. Но, што ако тоа се случи додека се возите. Прашањето е дали може во таква ситуација да му се случи нешто на автомобилот односно може ли да дојде до поголеми дефекти?

Произведувачите на автомобили тврдат дека нивните нови модели се така конструирани што нема да има проблеми да останете без гориво. Поточно, не би требало да има дефекти на моторите.

И покрај тоа не чекајте резервоарот да се испразни бидејќи во тој случај во составот ќе бидат вбризгани и нечистотиите од дното на резервоарот. За нив би требало да се погрижи филтерот на горивото односно да се спречи да влезе во моторот, но подобро е да не се предизвикува среќата.

Кај постарите автомобили, ако останете без гориво, можни се дефекти на инјекторите и дизел пумпите за гориво. Главно, секогаш реагирајте на време и возете до најблиската бензинска пумпа.