Што вели пророштво на Баба Ванѓа за 2020 година

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата Вангелија Димитрова Гуштерова, попозната како баба Ванѓа го напушти овој свет во 1996-та година, а тоа што го предвидела за животот нè тера малку да размислиме.

Позната и како “Балканскиот Нострадамус“ наводно ги предвидела цунамито во источна Азија во 2004-та година, нападите на 11-ти септември 2001-та година па дури и појавата на Исламската држава.

Според пророштвото на баба Ванѓа, во 2020-та година во Европа ќе има многу помалку население, речиси ќе биде ненаселена што ќе биде последица на голема светска војна.

Земјите во развој ќе се претворат од експлоатирани во експлоататори, а три години подоцна, во 2023-та година орбитата на Земјата значително ќе се промени, а во 2025-та година во Европа ќе има уште помалку жители.

Таа предвидела дека во 2028-та година луѓето ќе полетаат кон Венера, а ќе бидат пронајдени и нови извори на енергија.

Пет години после тоа во 2033-та година ќе се зголеми нивото на светките океани како резултат на топењето на мразот.