Странските туристи ќе можат да уплаќаат за летување во Шпанија од јули

ИЗВОРСкопје24
|

Странските туристи можат да резервираат одмори во Шпанија од јули, бидејќи двонеделниот самокарантин за странските патници најверојатно ќе биде укинат дотогаш, рече министерот за туризам.

Една од најтешко погодените нации во светот, Шпанија зависна од туризмот постепено го олеснува строгото заклучување, иако го задржа карантинот за посетителите за да спречи втор бран инфекции.

„Сосема е кохерентно да се планираат летните одмори за доаѓање во Шпанија во јули“, рече Рејес Марото во интервју за локалната радио станица Онда Церо.

И Италија од денеска влегува во нова фаза на ублажување на мерките на изолација и ги отвора базените, спортските сали и фитнес клубовите.

Отворањето е одложено во само две провинции, во Ломбардија која е на северот до 31. мај и во јужната покраина Базиликата до 3. јуни. Носењето маски за време на вежбањето нема да биде задолжително, но не и од влезот на објектот до соблекувалните.

Справите за вежбање треба да бидат наместени така што ќе осигураат оддалеченост од два метри за време на физичката активност и задолжително ќе мора да се дезинфицираат по секоја употреба.

Според протоколите, управите на објектите ќе бидат должни да ги чуваат листите со лица кои ги користеле услугите најмалку две недели, колку што трае инкубацијата, заради трасирање во случај ако некој во меѓувреме биде позитивен.

Пред една недела во Италија беа отворени баровите и рестораните.