СТУДЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – СЛЕДНИТЕ УТРА ДОСТА СТУДЕНИ

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на постуден воздушен бран кој ќе продре во нашата држава и тоа од север и од североисток во текот на следните утра очекуваме доста ниски температури на воздухот, истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека особено во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат и малку под нулата.

Во ваква ситуација локално ќе се создаваат услови за појава на слана и за слаб мраз.

Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови исто така ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, исклучок ќе биде утрешниот ден кога ќе има локално малку повеќе облачност, особено на запад каде ќе има услови за слаб локален дожд во планинските предели.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.