Студенти купиле половен тросед од баба – набрзо сфатиле дека во него има нешто скриено

ИЗВОРСкопје24
|

Лара, Риз и Кали студенти од Њујорк, кога го опремувале својот стан, купиле и половен тросед за 20 долари, не насетувајќи што се крие во него.

Една вечер гледајќи филм слушнале шум од внатрешноста на креветот и откриле дека во едната перница се кријат 700 долари. Меѓутоа, тоа не било крајот.

Вкупната сума што ја пронашле во целиот кревет била 40.800 долари. Во еден коверт пронашле и име од една жена, па одлучиле да ја контактираат.

Станувало збор за баба, која овде ја криела својата заштеда. Кога таа завршила во болница, а нејзиниот сопруг починал, нивната ќерка одлучила мебелот да го даде на распродажба не знаејќи дека во него има тајна заштеда.

Во знак на благодарност, бабата им дала 1000 долари.