Сузан Бојл го освои светот со својот глас, но сега ја доведе до совршенство и линијата, па си најде и момче

ИЗВОРСкопје24
|

Сузан Бојл пред околу 10 години го шокираше светот со сојот моќен вокал при што преку ноќ стана позната благодарени на британското натпреварување „Јас имам талент“. Иако целата светска јавност беше на нејзина страна и се воодушевуваше на нејзиниот талент сепак во шоуто го освои второто место. После 9 години таа се врати на истото место, во „Јас имам талент – Сите ѕвезди“, но сега пред светот се покажа во целосно поинакво издание. Иако во моментот на своето прво појавување таа имаше 50тина години, никој не ни обрна внимание на изгледот како ниту на годините, бидејќи талентот беше не спорен.

Сепак токму поради изгледот остана запаметена во медиумите како скромна личност која имала тежок живот и минато, но сега таа изгледа непрепознатливо, а се гледа дека многу работела на својот физички изглед.

Таа стана инстант ѕвезда, а освен славата и можноста да го покаже талентот, успехот во популарното шоу ѝ донело и внимание од таблоидите, шпекулации за нејзиното здравје и односите со семејството. Големото враќање предизвика воодушевување кај публиката. Драстично ослабела, ја порменила фризурата, но и стилот на облекување.

Неодамна е откриено и дека е во врска со американски доктор за кој не сакала многу да зборува. За „Дејли меил“ рекла само дека се на иста возраст и дека нивната љубов е многу сериозна.