Сузана Гавазова со ќеркичките блесна на свадба: Со хит фустан на сезоната ги фасцинираше фановите (ФОТО)

|

Познатата фолк ѕвезда Сузана Гавазова на секој настап секогаш е дотерана и средена од глава до пети. Таа е можеби единствена на нашата музикча сцена која никогаш не сме ја виделе несредена, во тренерки, без шминка или без направена фризура. Таа е пример за тоа како една негувана дама треба да изгледа.

Гавазова може да се пофали дека во својот плакар има безброј свечени тоалети кои ги носи на настапите, а пред неколку години направи и прекрасен чин и подари некои од нејзините најубави фустани на своите фанови – матурантки кои не можеа да си дозволат таква свечена облека.

Овој пат, не се работи за настап на фолк дивата, ниту за снимање на спот, туку за приватна свадбена прослава на која пејачката беше заедно со семејството.

За таа прилика Гавазова облече прекрасен фустан со пердуви кој всушност е хит насекаде во светов оваа сезона, а исто така преку фотографии на социјалните мрежи сподели дека и нејзините две ќерки беа со речиси идентичен стајлинг.

Трите дами блеснаа како и секогаш, а годата мајка им покажа на фановите дека нејзините две мали принцези веќе потпораснале и убавината ја наследиле од мама.

Како и секогаш Сузана не пропушти шанса да ги покаже и своите родители кои присуствуваа на прославата. Таа секогаш гордо и со многу пофални зборови ги опишува родителите од кои наулича се во животот.