Сузана Спасовска стана баба – внуката доби уникатно име

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачката Сузана Спасовска стана баба. Нејзината ќерка вчера се породи и на свет ја донесе малата Клара.

Среќната баба на својот Фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.