Сузана Турунџиева ја врати Атиџе во училишните клупи и тоа со огромна причина

ИЗВОРСкопје24
|

Сузана Турунџиева во последно време се почесто имаме прилика да ја видиме со хероината Атиџе Муратова. Нивните средби таа постојано ги споделува на социјалните мрежи, па можеме да заклучиме дека времето кое тие две го минуваат заедно е навистина исполнето.

Деновиве можевме да видиме како Атиџе доби нова реновирана куќа, а дворот пак и беше полн со гости радост и смеа. Сега пак, Турунџиева и приреди уште едно изненадување, со оглед на тоа што Атиџе ги сака децата, а Сузе пак е наставничка по музичко, се створи прилика Атиџе и ученичката на Сузана, Дени Жерновска која е инаку осмоодделна да се запознае со хероината.

– Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат, напиша на Фејсбук наставничката по музичко Сузана Турунџиева и сподели емотивни фотографии од средбата на Атиџе и Дени.

Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. И покрај физичката попреченост, оди дури и на часови по танц. Турунџиева ги информира нејзините следбеници дека со Атиџе веќе неколку дена имаат и онлајн активности, помеѓу кои и дружење со нејзините ученици.