Свадба е голема: Се ожени македонскиот ракометар Филип Кузмановски (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

23-годишниот ракометар Филип Кузмановски веќе неколку години настапува за македонската репрезентација и игра на позицијата лев бек. Тој кариерата ја почна во „Пелистер“, оттаму се пресели во „Металург“, па играше и за „Еурофарм Работник“.

Од оваа сезона Кузмановски е член на тимот на „Магдебург“ во германската Бундеслига. Но и на приватно поле македонскиот ракометар го следи среќна ѕвезда. Тој пред неколку дена се ожени со својата долгогодишна девојка, 25-годишната Моника Игнова, а со која се сврши во јуни оваа година.

Голема, весела и богата свадба е направена во Битола, под отворено небо. Невестата носеше венчаница со голо рамо, а Филип одбра елегантен мажествен тегет костум. Меѓу гостите на свадбата беше забележан и ракометарот Дејан Манасков, кој инаку е братучед на Моника.

Инаку, Моника ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, а сега е на мастер студии на истиот факултет.

Црнокосата велешанка со години наназад не пропушташе ниту една можност да биде во друштво на саканиот, па редовно може да се види на трибините во салите низ Македонија, а одреден период беше присутна и на Мундијалот во Германија.