Светски познатиот моден бренд „Кензо“ се инспирираше од нашата „Медена земја“ – Резултатот е магичен

ИЗВОРСкопје24
|

Магијата со која зрачење нашиот документарен филм „Медена земја“, го зафати целот свет, иако не успеа да земе оскар во ниту една од двете категории каде што беше номинирам оваа година. Љубовта на Атиџе кон природата и пчелите, како и нејзината филозофија за животот очигледно длабоко се вкоренија во свеста на светската јавност, па затоа овој податок можеби и не е така зачудувачки.

Имено светски познатиот моден бренд „Кензо“ на вчерашната ревија во Париз ја презентираше колекцијата инспирирана токму од Атиџе и нејзината „Медена земја“, филм во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Магазинот „Вог“ пак објави статија за ревијата во која ја објаснија инспирацијата од документарниот филм за „пчеларот во рурална Македонија во 2019 година, што служеше како референца, а се состои од покриен костум претставен во сосема поинакво модно светло.

Погледнете како изгледаше тоа:

Филмот го прикажува контрастот помеѓу неговиот протагонист, дама која ги почитува пчелите и го зема само медот што и е потребен за да преживее – „половина за мене, а половина за тебе“ – и нејзините работливи соседи, кои ги исцрпуваат природните ресурси и завршуваат со уништување на пчелите.