Таа е моќна и сталожена: Жената родена во овој хороскопски знак е жена-змеј

ИЗВОРскопје24
|

Таа има доста квалитети, од сила, сталоженост и толерантност, до голема издржливост, одговорност и фокусираност. Со еден збор – таа е жена змеј.

Во прашање е жената родена во знакот БИК.


Нејзините главни карактеристики се трпеливост, сталоженост, и чувствителност. Но, од друга страна има и огнена страна која знае да ја покаже кога некој ќе ја активира. Секогаш има свое мислење за се позади кое стои цврсто и не може никој да манипулира со неа.

Кога ќе запознае личност со која ќе „кликнат“, тоа пријателство трае засекогаш. Таа е лојална и секогаш подготвена да помогне, ги негува пријателствата и сака да се дружи, особено кога се во прашање пријателите од детството. За возврат ќе добиете иста лојалност и добронамерност, што е и логично, затоа што сака во се да биде еднаква.

Жената Бик е еден од нај идеалните партнери помеѓу сите хороскопски знаци. Никогаш не брза премногу и сака да го запознае потенцијалниот партнер, пред да почне врска. Со самото тоа, нејзината врска трае многу долго, а често и до крајот на животот. Кога жената Бик ќе влезе во врска, таа се препушта целосно и станува љубовник и пријател. За возврат бара верност и пружање сигурност и заштита. Во врските или во бракот најдобро се согласува со Јарец, Риба, Девица и Рак.

Izvor: srekja.mk