Таа е најбогатата пејачка на светот, но за неа не сте ни слушнале (ВИДЕО)

loading...

Пејачката и поранешната мисица Кирсти Бертарели се најде на листата на најбогати жени на светот.

Нејзиното богатство се проценува на 9.88 милијарди долари, а светските медиуми пишуваат дека е побогатата од кралицата на Англија, пејачката Адел и писателката Џеј Кеј Роулинг.

Кирсти Бертарели е британска пејачка која според медиумите е најбогатата жена во светот, пишува „Дејли меил“.

Иако навистина се занимава со пеење, своето богатство не го стекнала сама туку со бракот за сопругот Ернест, швајцарско – италијански бизнисмен кој има богатство од 9.88 милијарди долари, наведува „Сандеј тајмс“.

Кирсти била обична девојка од средната класа се додека не победила на натпреварот за убавина во Велика Британија. Откако во 1988 година станала мис, таа почнала да работи како текстописец, а потоа да се занимава со пеење.

Потпишала договор со продуцентската куќа Универзал мјузик, за која го објавила својот прв албум Елусив, а подоцна соработувала со Ронан Китинг, член на ирската поп група „Бој зон“ (Boyzone) и Ник Мејсон од групата „Пинк Флојд“.