Овој пат не можеа да се избегнат: Таа сега е мажена, а тој сосема нов човек, некогашната македонска љубовна двојка по неколку години на иста сцена (ФОТО)

loading...

На македонската сцена досега се родени многу љубовни приказни, но нивната љубов навистина траеше. Се започна за време на нивното учество на македонското талент шоу „Идол“, но нивнаата љубов траеше уште долги години по завршувањето.

Претставничката на Евровизија Јана Бурческа и нејзиниот колега Виктор Апостоловски веќе неколку години не се заедно, но се едни од ретките кои потоа останале пријатели. Медиумите своевремено беа доста заинтересирани за тоа како нивната љубов заврши и во какви односи останаа подоцна, но тие секогаш потврдуваа дека не си замеруваат ништо и дека останале во пријателски односи.

Таа сега е во среќен брак од кој ја има малата Дона, што впрочем беше и големото изненадување на евровизиската сцена, а па тој е сосема друг човек, но е и понатаму посветен на музиката и ергенскиот живот.

Во една прилика Виктор изјави дека со Јана се уште се пријатли и тој неизмерно ја поддржува кога настапуваше на Евровизија.

Пред се, ние сме пријатели, така што јас од срце и посакувам успешен настап, висок пласман и најважно од се, добра забава”, изјави тогаш Виктор.

Имено, вечеравечер се одржа забавата за новиот почеток на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, а на ревијата од брендот „Сара Фешн“ во стилот на ревиите од „Викторија Сикрет“ на сцената заедно со манекенките пееја токму Виктор и Јана.

Па така, поранешните љубовници повторно се најдоа еден покрај друг на истата сцена, но овој пат само како пријатели и колеги.

Според некое непишано правило, пријателството по љубовната врска речиси да не успева, но во нивниот случај очигледно не е така.

Дека навистина функционираат како пријтели покажаа и со една заедничка фотографија на која позираа заедно, а се најде на социјалните мрежи.

Ова беше еден редок момент од љубовните врски на домашната естрада кој функционира на ваков начин како на Виктор и Јана.

Инаку, Јана деновиве се впушти во водителските води, односно стана водителка на музичката емисија „Стисни Плеј“, а пак Виктор ја промовираше својата нова песна насловена „ In the name of love“.

Извор: Вистина.мк