Талентот од мали нозе се познава: Погодувате ли која е оваа македонска пејачка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во 2016 година како 14- годишна тинејџерка, талентираната ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и харизматична појава на сцената, го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.

Во 2018 година таа повторно го освои и жирито и во регионалното музичко шоу во Хрватска, „Ѕвезди – летен хит“.

Неоспорен е талентот на македонското девојче, па така секогаш кога ќе го пушти својот глас, знае да „растури“ и да покаже како се пее.

Но, не за џабе рекле дека талентот од мали нозе се познава.

Денес, веќе устешно го трасира патот на музичката сцена и не само дома, туку и во регионот, кој веќе имаше прилика добро да ја запознае и да ги препознае нејзините квалитети преку талент-шоуата.

Уште од мали нозе, на Лина омилената играчка и е микрофонот, а на тоа со драго срце се сеќава.

Дека била малото слатко девојченце кое секогаш го забавува семејството, покажа со една фотографија од детството каде изгледа неодоливо, особено со ставот кој го држи пред домашната публика.

И денес е таква, само веќе голема , шармантна и прекрасна девојка чија публика и фанови постојано се зголемуваат.

Лина е во генереацијата нови млади и надежни македонски пејачки за која е јасно дека ѕвездата и е наклонета.

Извор: Вистина.мк