Тамара Тодевска донесе одлука: Македонската химна ќе ја истетовира на себе

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка Тамара Тодевска пред камерите за естрадниот магазин Бекстејџ зборуваше за се она што и се случува на приватно поле, па напомена за заразата која влезе во нивниот дом, имено сопругот на Тамара се зарази од најновата болест, за среќа останатите членови од семејството останаа поштедени.

„Иако бевме и јас и децата заедно со него дома во самоизолација 15 дена, можеби е чудно, но за среќа не фативме зараза“ – вели Тамара во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и продолжува: „Здравствено, но најмногу психички тоа влијаеше на сите. Психички те уништува таа неизвесност, тоа чувство што ќе се случи, што ќе биде… Освен тоа многу ми недостасува близината со останатото семејство. Татко ми да речеме, не сум го видела оддамна. Ми фали да го гушнам, ми фали таа близина, но ете… таква е ситуацијата“ – вели Тамара.

Тамара зборуваше и на темата за која беше критикувана најмногу, а тоа е грешката која ја направи при изведувањето на химната, сега откривајќи на каков начин решила да ја исправи, Еднаш – засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина.

За сето ова Тамара Тодевска зборува во разговорот за „Бекстејџ“ кој можете да го погледнете во видеото во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=Xlz-6cYa8tU&feature=emb_logo