Тамара Тодевска јавно и се обрати на Елена Ристеска, па и даде до знаење што навистина мисли за неа

ИЗВОРСкопје24
|

Како дел од јавниот свет и под будното око на јавноста, се следи секој чекор на познатите, нивниот интерес, ангажмани, приватен живот. Бидејќи во денешно време секој втор станува пејач, водител односно јавна личност конкуренцијата се повеќе расте, а со тоа расте и предизвикот да се изборат да бидат пред објективот.

Многумина јавни личности за своите колеги, колешки имаат само позитивни и убави зборови. Меѓутоа, некои тврдат дека кога ќе се исклучат камерите владее љубомора и лицимерие. Кога станува за српската естрада, како можеби единствена личност која нема влакна на јазикот е Јелена Карлеуша.

Кога е пак станува збор за македонската естрада, може да се појават разни приказни, шпекулации, коментари.

Така, неодамна „Слободен печат“ објави шпекулација дека македонските пејачки Елена Ристеска и Тамара Тодевска не се следат на „Инстаграм“, па се наметнуваше прашањето дали двете колешки и пријателки се скарани.

Откако во медиумите се појавија шпекулации дека се скарале Тамара и Елена, познатата пејачка се огласи и ја откри вистината Ристеска ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека тоа е голема лага.

Елена и Тамара на македонската сцена не само што важат за добри пејачки, туки и за добри другарки, а често може да ги видиме заедно на некои случувања, а тие заеднички дружби ги овековечувааат со фотографии.

Деновиве, Тамара на својот „Инстаграм“ објави фотографија со својата колешка, а во истата го даде следното објаснување:

„Колешка и другарка каква секој би посакал. Те сакам“ и порача Тодевска на Ристеска.

Вистина.мк