Танец оди на јубилејна шведска турнеја!

ИЗВОРскопје24
|

Големиот Ансамбл Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе седум децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонското народно творештво. Во својата културна мисија ансамблот “Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција.

Оваа година Танец оди на јубилејна шведска турнеја. Ансамблот ќе настапува во Малме на 25 октомври во 20 часот, во концертната сала Amiralen, а на 27 октомври во 18:00 часот ќе има настап во Göterborgs Konserthus – main hall во Гетеборг.

Билетите за настапот во Гетеборг веќе се пуштени во продажба и можат да се купат на https://www.gso.se/program/konserter/70-ars-jubileet-tanec-ensemble/2019-10-27-18:00/, а наскоро ќе бидат достапни и билетите за настапот во Малме.

На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, а кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран. Овој предизвик сега го префрламе и во Шведска. Се гледаме таму!“, пишува во соопштението.