Тања Савиќ се отвори: „Не сум среќна, но не сакам да плачам пред децата“

ИЗВОРСкопје24
|

Поради ситуацијата во која се наоѓаме пејачката Тања Савиќ е разделена од своите деца. Нејзиниот сопруг заедно со децата Максим и Ѓорѓе заминаа во Австралија.

Тања деновите ги минува во родниот град, а едвај чека повторно да ги види своите деца.

„Од децата сам разделана два ипол месеци и едвај чекам да ги прегрнам. Секој ден се слушаме преку видео – повици, им раскажувам што се случува овде, а тие ми кажуваат што се случува таму, како ги поминуваат деновите. Многу ми недостигаат, ме смеат и преку телефон, но не е исто кога сум покрај нив. Авоините не летаат, така да не можам да ги видам децата. Ќе имам трпение, се надевам дека ќе заминам за Австралија и дека ова ќе се реши“, вели Тања и додава дека и покрај целата тага, не сака да се расплаче пред децата.

„Кога сум сама често плачам, но никогаш пред нив. Многу ми недостигаат. И на нив им е тешко, но тие се деца, па го кријат тоа незадоволство. Секогаш се обидувам да го надополнам времето што не сум покрај нив, им велам: „Дојдете мама ве чека, мама ја средува куќата“. Се трудам да останам силна“ вели пејачката.

Савиќ објаснува дека во Австралија не е среќна, па поубаво се чувствува дома.

„Не ми се допаѓа животот во Австралија, повеќе ја сакам Србија, овде е мојот дом, семејство, пријатели, овде ја изградив кариерата од која не сакам да се откажам. Што се однесува до мојот брак со Душан, тој мора да одлучи некои работи. Се секаме и понатаму, но во Австралија не сум среќна“, додава Тања.