Таткото на Мелиса им се заблагодари на Оливер Спасовски и Сашо Тасевски за пронаоѓањето

|

Таткото на 15-годишната Мелиса К., една од двете скопски тинејџерки која заедно со 12-годишната Аниса Ајро беа пронајдени од полицијата по три дена откако беа пријавени за изчезнати, му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Мелиса е добро заедно сме со Мелиса ви благодариме на сите од срце за трудот што го дадовте во потрагата по нашите деца, Господ нека ве награди, им благодарам на директорот Саше Тасевски за трудот што го даде и министерот Оливер Спасовски. Ваквите луѓе им требаат на нашиот народ секоја чест исто им се заблагодарувам и им се извинувам на сите мои блиски од фамилијата мои пријатели другари што ми се јавуваа а за жал не можев да им возвратам и да им одговарам на повиците од тоа што 3 дена не бев спиен и уморен господ да ви даде здравје и да ве чува на сите поздрав“, напиша Фатих Куртиши на Фејсбук.

Дополнително тој додаде дека претрпувал навреди постојано од сограѓани, од кои еден го нарекол и „психопат“, на што Куртиши истакна дека ќе поднесе тужба.Двата случаи на исчезнување ги пријавија татковците на девојчињата.

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди”, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите, објавија претходно од МВР.

Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад. Претходно таткото на 12-годишното девојче рече дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага, раскажува таткото.