Тажна слика: Мавровското езеро пресушено

ИЗВОРскопје24
|

Навистина тажна вест е кога природните убавини ги снемува. Така е и со Мавровско езеро, кое е пресушено. Црквата која обично е скоро цела потопена во езерото, сега е на суво.

Погледнете ја фотографијата во продолжение:

Исто така тажна вест е она што се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши.

На снимката која ја објави Инфомакс од Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста на ситуацијата.

Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка.

На снимката, јасно се гледа понорот и дното на езерото во својата најдлабока точка.

Погледнете го видеото: