Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови, пишува ВИСТИНА.
Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“.
Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги – Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил.
Драги потоа ќе стане главен машки актер во филмската порно комедија „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден на видеокасета.
„Шпага“ имаше проблеми и со ковид-19, кога едвај преживеа затоа што завршил болница во полусвесна состојба, па бил во кома дури 20 часа со тешко внатрешно крварење во желудникот.
По кусо и тешко боледување, ракот ќе го земе последниот замав, а Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.