Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

ИЗВОРСкопје24
|

Владата, на денешната 5-та седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата ќе работата според Протоколот за организирање на настани.

– На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на здравствена криза, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на појава на болеста, соопштија од владината прес-служба.

Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за овие дејности ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани, соопшти владината прес-служба.