Температурите одат во минус – Никако не ги правете овие грешки со автомобилот во зима

ИЗВОРСкопје24
|

Долго најавуваниот поларен бран од Европа конечно пристигна и кај нас во Македонија, а со тоа и минусните температури а и првиот снег во Скопје. Деновиве се најавуваат многу пониски температури и тоа дури и до -16 на места, па поради тоа е добро да ги избегнувате неколкуте клучни грешки кои на студеното време многу можат да му наштетат на вашиот автомобил.

Еве список со некои од најнезабележливите грешки што возачите честопати ги прават кога ќе им се појави проблем со возилото во зима.

Одмрзнување со топла вода
Веројатно за ова сте слушнале или барем еднаш во животот сте го пробале, но кога стаклото е замрзнато, најлошиот потег што можете да го направите е истурањето на топла вода. Стаклото е кршливо и при минусни температури кога тоа е замрзнато со ненадејно загревање, голема е веројатноста дека ќе пукне или ќе се скрши. Затоа, не користете ништо друго освен спрејови за одмрзнување. Оставете картоно на стаклото преку ноќ и зафатете го со бришачите. Нема да мора да гребете наутро. Бидете сигурни дека стругачот е квалитетен. Делот за гребење мора да биде пластичен, а не железо или каков било цврст материјал, бидејќи можете да го изгребете стаклото.

Загревање на клучот со запалка
Стар трик кој не работи со години, бидејќи најверојатно ќе ја оштети само електрониката во клучот. Во потешки случаи имобилизаторот, а во полесни, електрониката на предавателот за далечинско заклучување. Одмрзнувачите за прскање се многу подобра опција. Ако го немате при рака, било каков алкохол може да ви помогне. Не користете сила, оштетените брави се скапи за поправка.

Отварање на замрзната врата
Го измивте автомобилот, а потоа го паркиравте. Водата замрзнала меѓу вратата. Еве еден проблем што е навистина тешко да се реши без да се оштети нешто. Имено, со отварање на вратата, дури и полека, ќе ја извадите гумата од лежиштето и, најверојатно, после тоа ќе имате проблеми дури и во текот на летото. Значи, ако веќе сте го измиле вашиот автомобил кога надвор е под нулата, избришете ја влагата од гумата на вратите и подмачкајте ја со глицерин. Ова ќе ги спаси гумите и ќе го олесни отворањето во зима.

Возење со премалку гориво
Зимата е време кога сè може да се случи на патот. Секогаш имајте барем половина резервоар гориво. Ако застанете некаде на патот, ноќе, чекајќи да се расчисти сообраќајот или ситуацијата, немате греење ако не работи моторот.