Теодора Џехверовиќ провокативните изданија ги прави со помош на оваа алатка

|

Српската пејачка Теодора Џехверовиќ се најде во центарот на вниманието поради видеото кое го објави и на кое јасно се гледа дека користи фотошоп. Атрактивната пејачка редовно привлекува внимание со својот изглед, провокативните изданија на социјалните мрежи, но и на настапите, а често им се обраќа и на „хејтерите“ бидејќи редовно е мета на критики.

Овојпат се коментира бидејќи се забележува како таа ги стеснува половината и стомакот со помош на апликација за разубавување. Видеото беше објавено неколку секунди, а таа набрзо го избриша од својот профил. Твиреџиите сепак се тука, па еве што напишаа за ова нејзино видео:

„Џехва гори, но навистина нема потреба од апликации за намалување на половината. Внимавајте на стомакот, малку се извлекол“, пишувало со видеото, а коментарите почнале да се нижат: „Толку е фотошопирана на сликите што е страшно. , не разбирам што и фали на телото без фотошоп? Зошто сите мораме да имаме струкови како кукли, па претеруваат“, „Ајде не се сака, ама со ова дава само погрешен пример за сите девојки кои ја следат“, „Сето ова изгледа навистина евтино“, „Сосема непотребно, си прави комплекси, сигурно и е тешко, што и е“…