Тешка прегледност, возење во спротивна насока, ризици при вечерно движење на автопат и во Скопје

|

Тешка прегледност, возење во спротивна насока, ри зици. Вака може да се опише патувањето изминативе денови на македонските автопати, но и на скопските улици. Густата магла прави проблеми во доцните вечерни часови, а возачите со мала невнимателност може да имаат и големи проблеми. Ри зично беше вчера да се вози од излезот на Крива Паланка до Скопје, а уште поризично во главниот град, каде што маглата во вечерните часови е уште погуста, а со тоа е и понепрегледно.

Од Деве Баир до излезот од Крива Паланка – магла речиси и да нема.

Од Ранковце почнува и бор бата за да се следат белите линии на патот. Дека прегледноста е тешка, доказ беа и прегазените животни оставени на патот. Сепак, најголемите проблеми почнуваат од патарината кај Куманово до Скопје. Ако до наплатната рампа кај Петровец автопатот се минува за 20 минути, сега за тоа треба речиси двојно повеќе.

Во Скопје во вечерните часови улиците се тукуречи празни. Прегледноста е речиси невозможна, возењето е проблем за возачите.

На булеварот Никола Карев, во близина на касарната „Илинден“, имаше и возила што ја згрешиле лентата, па возеа во спротивен правец.

Внимателноста и сигнализацијата на возилата од другата страна спречија можна несреќа, а возилата што возеа во спротивен правец, преку зелениот појас, се вратија во својата лента. Во Центар и во Карпош улиците беа покриени со магла. Не се гледаше на повеќе од 5 до 10 метри максимум.

Околу два часот наутро дополнителен проблем за возачите на „Партизански одреди“ беа и исклучените улични светла на дел од едната страна на булеварот, кој беше во тотален мрак.

„А1он“ праша во Град Скопје дали ќе се погрижат светлата на булеварот да бидат постојано вклучени од двете страни, но до моментот на објавувањето не добиле одговор.

Утрово на овие локации маглата е намалена или целосно ја нема, а со тоа прегледноста е зголемена.

И АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.