Тешко повредено девојче откако „опел“ излета од патот кон Куманово

|

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Долно Количани, скопско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.Ц.(43) од Штип, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка С.Ц.(42), двете од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото: Илустрација