Тијана Дапчевиќ: „Јас кога сум на сцената јас сум жива, но и бев очајна поради своите 15 килограми“ (видео)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка и актерка неодамна истакна дека само пред камери се чувствува живо без разлика дали тоа е како актерка или како пејачка.

„Јас кога сум на сцената јас сум жива, дали тоа е пеење, дали тоа е снимање на серија која се заврши пред два дена во Скопје каде што веќе четврта сезона ја играм главната улога на Германката Ула. Не ми е важно дали сум пред камери, само да сум на сцена бидејќи само тогаш сум жива“ вели Тијана на почетокот на разговорот за „Face HD Tv“

Дапчевиќ во интервјуто проговори и за здравиот начин на исхрана, па откри како успеала да ослабее по породилниот период.

„Соработувам со една комппанија веќе четири години, а се одлучив така што самоиницијатно отидов во компанијата бидејќи бев очајна поради своите 15 килограми. Јас во текот на бременоста се здебелив дури 45 килограми. Никако не можев да се ослободам од тие килограми“ вели Дапчевиќ. Тијана истакна дека била кај нутрицонисит и тој ја советувал да започне липосукциска исхрана што е еден здрав начин на живот.

Македонската пејачка истакна дека со овој начин на исхрана успеала да се ослободи од килограмите, но и да ја регулира крвна слика, како и хормоните.

„По еден месец од оваа исхрана заминав да ја проверам крвната слика и ми рекоа дека ми е како на дете од 15 години. Што се однесува до здравјето, не само што ќе ослабнете туку го подобрувате и здравјето“ вели Дапчевиќ.

вистина.мк