Тоалетот ќе блеска и мириса убаво – Направете сами освежувач

ИЗВОРСкопје24
|

Сè што емитува мирис во воздухот обично се нарекува освежувач на просторот. А дали се сите здрави? Токму поради тоа еве неколку совети како сами да направите, природен, пријатен освежувач.

Тоалетот ќе мириса и блеска.

Се што ви треба се калап за лед, лимонтус од вашата кујна, етерично масло и детергент.

Постапката е прикажана во видеото:

Сите ние сакаме убаво да ни мириса домот, а употребата на овие средства не е здрава. Па, можеме да се обидеме со употреба на природни освежувачи на просторот. Освен тоа што се природни, тие се и лесно достапни. Погледнете некои од предлозите.

Природни масла

Користете мирисни масла како природен освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од било кое миризливо масло и измешајте го со половина филџан оцет и два филџана вода. Добро измешајте и течноста ставете ја во распрснувач . Вашиот освежувач на простор е готов.

Цветни екстракти

Вашиот омилен цвет може да стане совршен начин да го освежите домот. Како? Земете латици од некое цвеќе (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура најмалку 30 минути. Исцедете ја водата и ставете ја течноста во шишенце со спреј. Оставете да се олади, а потоа освежете го домот со вашиот омилен цвет.

Зачини

Земете ги своите омилени зачини, било да е цимет, каранфилче… и варете ги во вода на висока температура 20-25 минути. Ставете ја течноста во шишенце со распрснувач. Исполнете ја вашата соба со убавиот мирис на индиските зачини.

Свеќи од пчелин восок

Не мора да одите до маркет за да купите миризливи свеќи. Направете самите свеќа од пчелин восок. Таа емитува мек мирис и е многу добар природен освежувач.