Точи за семејството на Верче: Во тагата никој не може да им помогне, но да им се олесни животот може

ИЗВОРСкопје24
|

Вчера целата македонска јавност им оддаде почит на Верче Белчовска и нејзиното семејство кои по големата загуба одлучија органите на својата ќерка и сестра да ги донираат за да спасат повеќе млади животи. По тој повод се огласи и новинарката Менче Атанасова – Точи:

„Повеќе сега ќе значи поддршката до семејството на Верица, отколку да ставаме профилни на фејсбук. Во тагата никој не може да им помогне, но да им се олесни животот може. Колку што слушам се преселиле од Берово во Струмица за да најдат работа, а живеат под кирија. Таткото не нашол работа, мајката работи во маркет, а другата ќерка во кладилница. Им треба да почувствуваат дека и оваа држава се грижи за нив. Им треба сериозна работа! Не само заради нивната неверојатна хуманост, туку и заради свеста која ја разбудија кај јавноста. Ниту една кампања не може да го постигне тоа! Во оваа држава не е проблем да се изврши трансплантација, проблем е што нема органи. Затоа повеќе од “длабок наклон”и профилни на фејсбук, потребна им е оваа поддршка од државата!“, порача преку Фејсбук, новинарката Менче Точи.

Инаку, Gulf Oil донираа 1 милион денари за семејството на Верица Белчовска, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.

Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не имдава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари,велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.