Тој е среќно оженет – Ова се сопругата и децата на Лука Модриќ (ФОТО)

loading...

Во Русија сношти заврши светското првенство во фудбал, а по долга и напорна борба, Франција ја совлада Хрватска со резултат 4:2 и ја однесе титутлата за светски првак.

Иако Хрватска не успеа да победи, сепак испиша историја и ова беше нејзиниот најдобар пласман досега.

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство. Хрватската популација е горда на овој фудбалер, а негова најголема поддршка е неговата сопруга и неговите деца.

Лука е во брак со Вања, со која има три деца, Иван, Ема и Софија. Еве како изгледа семејството на најдобриот фудбалер.

Излезе ретка снимка од Лука Модриќ како чува кози на Велебит

Режисер чија работа некогаш го однела во хрватската дивина пребарувајќи ги своите архиви дошол до неочекувано откритие – снимка на која вели дека го покажува 5-годишниот Лука Модриќ како чува кози од глутница волци.

Павле Баленовиќ ја пронашол снимката од документарец што го направил за Би-би-си во почетокот на 90-тите. Филмот под наслов „Волчјиот човек: Дневникот на Павле Баленовиќ“, ја опишува потрагата на режисерот по соодветен дом во дивината за своето милениче волк „Лик“. Патувањето го однело до планината Велебит, каде што тврди дека се спријателил со човек по име Стипе Модриќ и неговото семејство, кое живеело во подножјето.

Во пост под клипот објавен на Јутјуб, Баленовиќ тврди дека човекот во филмот е таткото на играчот од Реал Мадрид. Во клипот тој нагласил некои моменти во кои наводно се гледа Лука во преголема јакна, како со стап ги води козите.

https://www.youtube.com/watch?v=xvbd-ye3U9E

„Семејството Модриќ, тие беа прилично пристојни, фини луѓе. Ги посетував секогаш кога го снимав дивиот свет во планините“, напиша Баленовиќ. „Тоа беше 1990, баш пред војната да го уништи нивниот дом“.

„Пред само неколку години добив некои информации за тоа кое е момчето што го собира стадото на татко си во мојата епизода. Тоа момче стана познатиот хрватски фудбалер – Лука Модриќ“, додаде тој. Баленовиќ рече дека фудбалерот не ја видел снимката бидејќи таа не влегла во крајната верзија на филмот.

Модриќ бил принуден да го напушти својот дом по избувнувањето на војната во 1991 година.

Хрватот игра во финалето на Светското првенство против Франција вечерва во Лужники. Којзнае – можеби на вечерашниов натпревар против Франција во Москва ќе мора да го искористи своето искуство во одбивање волци.