Том Круз секој Божиќ ја прави истата работа: Неговите пријатели го обожуваат тој негов обичај

ИЗВОРСкопје24
|

Том Круз секој Божиќ ја прави истата работа, а неговите пријатели велат дека го обожуваат тој негов мал обичај.

Актерката Коби Смалдерс, на публиката ѝ е позната по улогата на Робин од хумористичната серија “How I Met your mother“, гостувала во емисијата кај американскиот комичар Џими Фалон. Во разговорт, меѓу другото допреле и некои теми за претстојните празници, а посебен интерес кај публиката имало нејзиното воодушевување од поклонот кој Том Круз секоја година ѝ го испраќа за Божиќ. Актерката и Том во 2016-та година снимиле филм, а оттогаш имаат многу добри односи.

„Тоа е колач од бело чоколадо и кокос и морам да признам дека е превкусен“ – открила актерката. Публиката во студиото се насмевнала поради искреното признание.

„Го држам во фрижидер и трае до март. Не знам зошто, не сум ни љубител на благо, но ова е прекрасно“ – додала актерката со насмевка на лицето.

Водителот признал дека и тој по повод Божиќ добива од “колачот Том Круз“. Популарниот актер признал дека колачот за Божиќ го дели на поширока листа пријатели, а причината поради која го прави тоа е малку необична.

„Обожувам благо, но го избегнувам поради тренинг и подготовките кои ги поминувам поради филмовите – затоа им го испраќам на сите“ – открил Том Круз.

точка.мк