Тони Цетински ќе стане дедо: Синот на пејачот објави дека ќе стане татко (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватскиот пејач Тони Цетински зад себе имаше две нетолку убави години, кога покрај кризата со короната мораше да се соочи и со тежок судски процес кој се водеше против него, но сега конечно доби радосни вести од својот син Кристиан.

Имено, синот Кристијан, кој пејачот го доби од првиот брак, на социјалните мрежи објави дека очекува принова.

„Ни даде многу причини да дадеме се од себе и да го направиме овој живот уште поубав. Едвај чекам да те запознам“, напиша Кристиан покрај фотографијата.

Кристиан не го откри полот на бебенцето, односно дали станува збор за момче или девојче, но следбениците му упатија честитки.

Тони го доби Кристиан од бракот со Антонела Бутиган со која беше во брак шест години.