Во најновата епизода на поткастот на популарниот Бомбакис гостуваше актерот и водител Тони Михајловски, кој го искористи гостувањето и зборуваше за најразлични интересни теми меѓу кои и за Златна Бубамара на популарноста.
Сите знаеме дека токму Тони беше еден од првите водители на оваа популарна манифестација, но она што не го знаевме до сега е тоа дека токму тој ја смислил целата идеја за манифестацијата, доколку му веруваме на зборот.
Според она што тој го изјави, во опуштен неофицијален разговор во домот на Игор Џамбазов, Михајловски на Ранко му ја предложил идејата за одржување на настан на кој ќе се доделуваат награди за најпопуларните лица годината, кои според народот се сметаат за такви, а притоа истата да ја води човек кој е забавен и смешен, алудирајќи на себе. На Ранко му се допаднала идејата, но наместо Тони да го избере за водител тој таа година ја повикал Ирена Спировска, а тој земал награда за најпопуларен актер за таа година.
На големо изненадување на сите Тони потоа го нападна Ранко велејќи дека тој 30 години се кити со туѓи перја, бидејки не е точно дека Златна Бубамара на популарноста е само негова идеја.
Актерот притоа со самодоверба додаде дека поради неговата изјава Ранко доколку сака може да го тужи, но дека таа тужба ќе ја добие самиот, повторувајќи дека авторските права што ги има присвоено не се само негови.
Оваа изјава погледнете ја со клик ТУКА, а целата емисија погледнете ја во продолжение: