Топ 25 половни автомобили кои би требало да ги избегнете

ИЗВОРСкопје24
|

Британски “What Car” традиционално го изработи своето истражување и ги објави резултатите во врска со сигурноста и квалитетот на возилата.

Студијата е спроведена врз основа на испитувањата на илјадници сопственици на автомобили и наменета е за сите оние кои што планираат да купат половен автомобил. Како што велат од “What Car”, нивната намера е да ги поштедат луѓето кои планираат да купат половен автомобил од лош избор, а со тоа и дополнителни трошоци за евентуални поправки.

Во испитувањето учествувале околу 13 илјади сопственици на автомобили кои за “What Car” откривале детали во врска со евентуалните проблеми кои ги имале кај своите автомобили во изминатата година.

Проблемите со автомобилите се класификувани во 14 групи: климатизација, акумулатор, каросерија, сопирачки, мотор, електрика, издувен систем, систем за вбризгување на гориво, менувач/квачило, инфотејнмент систем/инструмент табла, детали од ентериерот, електрични инсталации независни од агрегатот, систем за управување и систем на суспензија.

За секој наведен дефект од страна на сопственикот, побарани биле и информации во врска со тоа колку долго автомобилот бил на поправка и колку чинела поправката. Информациите потоа се искористени за да се создаде листа по степен на „сигурност“ на 175 модели произведени од страна на 31 компанија.

Автомобилите чии поправки чинеле најскапо и кои предизвикале најдолготрајна дисфункционалност на возилото добиле најнизок број на бодови и се сметаат за најмалку сигурни и квалитетни. Ова е листата со 25 половни автомобили кои според “What Car” треба да ги избегнете, за со тоа да избегнете и нови главоболки и трошоци за поправки.

25. BMW Series 2 Active/Grand Tourer (2015 до денес): Оценка на сигурност 78,3%

24. Audi A6 (2011 – 2018): Оценка на сигурност 76,7%

23. Range Rover Sport (2013 до денес): Оценка на сигурност 76,5%

22. Jaguar XF (2007 – 2015): Оценка на сигурност 76,5%

21. Volvo XC90 (2002 – 2015): Оценка на сигурност 75,0%

20. Volkswagen Golf Diesel (2009 – 2013): Оценка на сигурност 74,9%

19. Mercedes E Class (2002 – 2009): Оценка на сигурност 74,9%

18. BMW Series 6 Coupe/Cabrio (2011 – 2018): Оценка на сигурност 73,7%

17. Opel Corsa (2006 -2012): Оценка на сигурност 73,0%

16. Porsche 911 (2004 – 2011): Оценка на сигурност 71,9%

15. Ford Mondeo (2007 – 2014): Оценка на сигурност 64,8%

14. Mazda 6 (2007 – 2012): Оценка на сигурност 63,5%

13. Volkswagen Touran (2003 – 2015): Оценка на сигурност 63,3%

12. Citroen C4 Picasso (2014 до денес): Оценка на сигурност 61,7%

11. Volkswagen Tiguan (2007 – 2016): Оценка на сигурност 61,0%

10. Opel Zafira (2005 – 2015): Оценка на сигурност 60,6%

9. Volkswagen Passat (2005 – 2015): Оценка на сигурност 57,9%

8. Mercedes A Class (2005 – 2012): Оценка на сигурност 56,3%

7. Škoda Octavia (2004 – 2013): Оценка на сигурност 54,4%

6. Land Rover Discovery Sport (2014 до денес): Оценка на сигурност 51,4%

5. Nissan Qashqai Diesel (2014 – 2021): Оценка на сигурност 46,3%

4. Land Rover Discovery (2004 – 2017): Оценка на сигурност 45,7%

3. Nissan Qashqai (2007 – 2014): Оценка на сигурност 45,6%

2. BMW X5 (2007 – 2013): Оценка на сигурност 42,6%

1. Porsche Macan (Актуелната генерација): Оценка на сигурност 40,4%