Тоше Проески како да претчувствувал дека му се ближи крајот: Еве кој последен го слушнал неговиот глас и што и кажал тој

ИЗВОРСкопје24
|

Пред неколку дена на 16ти се навршија 12 години од неговото заминување, и на сите ни е тешко што повеќе не е со нас, но на неговите најблиски им е најтешко и тие никогаш нема да ја прифати лошата судбина што го однесе…

Тоше Проески со својот ангелски глас, но и со неговата добрина ги полнеше срцата на своите верни обожаватели, па долго време по неговото прерано заминување многумина не можеа да се помират дека тој повеќе не е со нас. Секако дека тоа беше најголема болка за неговите најблиски, кои никогаш нема да ја прифатат лошата судбина што го однесе…

„Немам зборови кои би можеле да ги опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бесконечна жалост која засекогаш ќе остане. Не е вистина дека времето ја ублажува болката. Човекот само учи да живее со болката и страшната вистина“, изјави во една пригода Славен Ристевски, сопругот на Дора, сестрата на Тоше. Зборови кои нема никогаш да ги заборавиме.

На неговите родители и ден денес им е премногу тешко кога ги слушаат неговите песни, а по трагичната несреќа, неговата соба, во која го помина детството и во која растеше, остана недопрена.

„Секогаш долго разговаравме за сé, ми се јавуваше дури и од Австралија. Така разговаравме и таа кобна ноќ пред да замине во Хрватска, и се уште тврдам дека тој чувствуваше дека нешто лошо ќе се случи. На крајот од разговорот, ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но потоа длабоко воздивна и кажа – „Ако даде Господ“, раскажа своевремено пејачката Елена Ристеска која со него беше многу добра пријателка.

Нејзиниот глас беше последниот што Тоше го слушна преку телефон.