Традицијата продолжува- Најголемиот вински фестивал Skopje Wine Expo од 26-28 септември во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

По 14-ти пат, традиционално во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал. На Skopje Wine Expo посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина,
деликатеси и богата музичка програма. Од 26-28 септември на платото пред МОБ ( Плоштад „Мајка Тереза“) настапуваат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, Тропико Бенд, Слаткаристика, Ареа, Тоше Проески Трибјут ( Александра Јанева и Марко Логаут), Нокаут, Криско и Графа од Бугарија, Либеро Бенд и многу други. На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и after work забави кои ќе започнуваат од 18:00.

Skopje Wine Expo е под покровителство на град Скопје.