Тренд кој се повеќе го има: Златен тоалет со дијаманти на нејзините рабови, вреден 1,3 милиони долари

ИЗВОРСкопје24
|

Луксузните тоалети повеќе не се нешто необично и неочекувано, напротив, станаа дел од нашето секојдневие. Сепак, овој тренд на сосема ново ниво нѝ носи тоалетна школка дизајнирана од злато, која доаѓа со 40.815 дијаманти на нејзините рабови.

Ексклузивниот тоалет го произведува брендот „Coronet“, еден од „Aaron Shum Jewelry“ брендовите. Благодарение на своите неверојатни спецификации, тоалетната школка ќе добие свое место во Гинисовата книга на светски рекорди, за најмногу дијаманти искористени на тоалетна школка.

Овој тоалет официјално не е достапен за купување, туку веројатно ќе може да се види во музеј, каде повеќе луѓе ќе можат „да уживаат во него“.

Ова инаку не е првпат вестите за златен тоалет да го освојат светот. На почетокот на оваа година, тоалетот од чисто злато, наречен „America“ е украден од „Blenhem Palace“, родното место на Винстон Черчил.

Доколку се квалификува за Гинисовата книга на рекорди, златниот тоалет на „Coronet“ ќе биде 10-от нивни рекорд, бидејќи славниот бренд веќе ја носи титулата за најмногу дијаманти на часовник и чанта.

точка.мк