Трета среќа за македонскиот фудбалер: Бебчето стигна порано, но е перфектно здраво и доби уникатното име (ФОТО)

|

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски и неговата сопруга, србинката Кристина трет пат станаа родители.

Иако порано, убавата вест фудбалерот самиот ја објави веста на социјалните мрежи, објавувајќи и фотографии од ќеркичката и среќното семејство.

-Нашата ќерка Алина пристигна денеска. Малку порано од очекуваното, но перфектно здрава, напиша Бабунски.

Давид и Кристина имаат два сина, а сега добија и ќерка.