Три алпаки и две камили пристигнаа во скопската зоолошка градина

ИЗВОРСкопје24
|

Во скопската Зоолошка градина за првпат ќе живеат алпаки. Три алпаки и две двогрби камили вчера во Скопје пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом.

Алпаките се јужноамерикански животни. Живеат на Андите во Чиле, Перу и Боливија и се прилагодени и на високи и на ниски температури. Тие се вистинска атракција во сите зоолошки градини во светот.

Пристигнатите камили се двогрби, од расата бактриан.