Пред нас е нова недела. Сè уште сме под власта на невоздржаната Водолија, па акцентот ќе биде ставен на забавата, хобијата, учењето и стекнувањето нови искуства. Планетарните влијанија најавуваат возбудливи настани, особено на интимен план, па ова е време на нови врски и авантури, но и на плодни деловни потфати. Откријте кои знаци ќе имаат најмногу среќа.
Јарец
Јарците ќе имаат одлична концентрација и бистар ум, па успешно ќе ги балансираат барањата од професионалниот и приватниот живот. Работните задачи ќе ги решаваат лесно, а многумина очекуваат нови деловни можности и подобрување на финансиската состојба. Социјалниот живот станува се поинтензивен, а честите излегувања на слободните ќе им донесат нова можност за флерт.
Водолија
И’ водолиите имаат на што да се радуваат. За нив се отвораат поволни деловни можности. Некои ќе добијат интересни вести кои ќе им помогнат да ги зголемат приходите. Иако добро ќе заработуваат, ќе трошат многу на забава, излегувања и задоволства, па нема да остварат значителна заштеда. Воопшто нема да им смета затоа што и онака оваа недела акцентот ќе биде ставен на забавата и новите искуства.
Терезија
Терезиите ќе бидат борбени и амбициозни. Вооружени со оптимизам, тие успешно ќе се справат со тешкотиите и ќе излезат како победници од секоја кризна ситуација. Многумина очекуваат унапредување или зголемување на платата, додека некои може да ја сменат работата. И интимниот живот носи добри можности. Тие би можеле да се поврзат со некој што ќе го запознаат на работа или на факултет, додека паровите ќе развијат интимна врска.