Астрологијата открива кои знаци негативно ќе го почувствуваат владеењето на Водолијата.
Го видовме крајот на ретрограден Меркур, но владеењето на Водолија стапува на сила. Започна на 20 јануари и ќе трае до 19 февруари, а Водолијата е позната по бунтовничкиот карактер. Исто така, овој период може да донесе многу промени и сосема различни почетоци. Иако ќе ги погоди сите хороскопски знаци, особено ќе влијае на три.
ЛАВ
Владеењето на Водолијата може да биде многу заморно за Лавовите. Ќе имаат чувство дека не можат да се одморат, некои планови може да се изјаловат во последен момент, а може да се појават тешкотии на деловен план. Хороскопот ги советува Лавовите да се чуваат од нагли и избрзани реакции, бидејќи во овој период ќе им треба малку за да го загрозат односот со блиските луѓе. Кога станува збор за приватниот живот, Лавовите ќе бидат повеќе склони кон љубомора од вообичаено, па затоа се можни конфликти со партнерите.
ДЕВИЦА
Девиците се доста снаодливи во каква и да е ситуација во која ќе се најдат. Сепак, овој период може многу да ги оптовари, поради што ќе им биде тешко да ги завршат сите обврски. На семејно ниво се случуваат промени, па хороскопот предвидува дека многу Девици ќе го жртвуваат слободното време за своите сакани. Се советува да внимавате на стресот, но и да не трошите пари. Можни се непланирани трошоци.
БИК
На Биковите им се препорачува посебно внимание да посветат на деловните и финансиските активности, иако ќе бидат задоволни на приватен план. Заморот е неизбежен поради купот обврски, а стресот акумулиран поради финансиските околности кои изгледаат нестабилни. Хороскопот ве советува да бидете внимателни до 19 февруари, но и да внимавате да не наседнете на празни ветувања во однос на деловниот план.