Три начини за брзо отворање на тегла без напор

|

Многумина се мачат отворајќи тегли, што може да иритира ако сте гладни, а од омилената храна ве одделува тврдоглав капак.

Често ви се случува да сакате да појадувате и да не можете да отворите тегла од вашиот омилен џем? Ако не знаете што да направите кога не можете да го отворите капакот, имаме неколку едноставни решенија.

Капакот на теглата тешко се отвора, а со овој едноставен и брз трик ќе го отворите цврсто затворениот капат за десетина секунди. Сè што треба да направите е да го ставите накратко делот каде што е капакот под млаз жешкаа вода.

Топлината ќе го омекне она што го држи капакот и ќе го отворите многу лесно. Теглата можете да ја отворите и потопувајќи ја во сад со топла вода, но капакот да биде целосно под вода.

Иако е најлесно да ја ставите теглата под млаз жешка вода, можно е да се отвори и со друг метод заснован на топлина, а тоа е накратко да се загрее работ на капакот со пламен од запалка.

Извор: Кајгана